Number of visitors on page:

N/A

Jeton Kelmendi mk bio

Page Visitors:

N/A

Јетон Келменди (1978, Пеќ), поет, драматург, книжевен преведувач, публицист и универзитетски професор. Основното и средно училиште го завршил во родниот град, студиите по комуникации во Приштина, а постипломските студии на универзитетот во Брисел (Меѓународна политика). Вториот мастер го завршил од областа на дипломатијата, а докторатот од областа на политиката и меѓународната безбедност.

Објавува песни, проза, драми и есеи. Соработник е на многу медиуми и меѓународни списанија од областа на културата и политиката. Неговата поезија е преведена на 25 јазици и е застапена во бројни меѓународни антологии. Јетон Келменди е најпреведуван албански поет и е добитник на бројни книжевни награди. Моментално живее и работи во Брисел.

Објавени книги:

Векот на ветувањето, (1999)

Преку молкот, (2002)

Ако биде пладне, (2004)

Подари ми малку татковина, (2005)

Каде заминуваат доашањата, (2007)

Дојде со трагите на ветерот, (2008)

Време кога ќе биде времето, (2009)

Патувањето на мислењето, (2010)

Покрдтување на духот (2012)

Ги повикувам заборавените нешта, (2013)

Издадени пиеси:

Дамски збор (2007)

Драма и анти-драма (2011)

Политички науки:

ЕУ мисијата во Косово после независноста (2010), САД

Лошо време за знаење, (2011)

НАТО ЕУ мисиите, соработка и компетитивност, (2012)

Влијанието на медиумите во брзбедносните политики на ЕУ, (2016)

Изданија на странски јазици:

Se mult s-au rarti scrisorile, (2008, антологија)

Breathe/Fryma, Индија, (2009, поезија)

Dame parol, Франција, (2011, драма)

Comme le commescementest silencileux, Франција, (2011, поезија)

Πoγ паne oi epxomoi, Грција, (2010, поезија)

Wie wollen, Германија, (2011, поезија)

Nasil sevmeli, Турција, (2011, поезија)

A Palavra Evitou o Silencio, Бразил, (2009, поезија)

How to Reach Yourself, САД, (2010, поезија)

Frau Wort, Германија (2012, драма)

فذحلل لص اوف , Египет, (2012, поезија)

На верхвϊ часу, Украинa (2012, поезија)

В зените времени истлевшего, Русиja (2013, поезија)

Pensamientos del Alma, Шпанија (2014, поезија)

Xewnên di dîwêr de (How to love) (поезија, Киргистан-Турција 2015)

Cómo Llegar A Ti Mismo (How to love) (поезија Аргентина 2015)

Com Retrobar-Se (How to love) (поезија, Каталонија2015)

Prescurtarea departarilor (Shortening distances), (поезија, Романија, 2016)

Rănile cuvântului (Plagët e fjalës) (поезија Молдавија2018)

思想狩獵愛 (Thoughts Hunt the Loves) (поезија, Тајван 2018)

wybrane wiersze (Selected poems) (поезија, Полска 2018)

Düsünceye götüren misralar (How to know) (поезијаТурција 2018)

Дивља Ћутања (Wild silence) (поезија, Србија 2018)

ba Ljubavi (Eatg of love) (поезија, Црна Гора 2018)

Cудбински простор (destiny space) (поезија, Македонија 2018)

Tra realtà e sogno (Between the reality and dreams) (поезија, Италија 2019)

Čas ljubezni (Love moments) (поезија, Словенија,2019.

Savaş zamaninda eşq (Love in war time) (поезија, Азербејџан,2019)

Keserü kávé (Bitter coffee), (поезија, Унгарија 2019)

Pfungua dzinovhima vadiwa, (Thoughts Hunt the Loves), Shona, mangiage, (поезија, Зимбабве 2019)

Antidrom (Antidream), (поезија, Норвешка 2019)

Меѓународни награди и признанија:

Doctor honoris causa, Институт за Украински и Кавкаски студии Украинска академија за науки, Украина (2013)

Doctor honoris causa, Убиверзитет Национал дел Есте, Парагвај (2017)

Solenzara, Франција (2010)

Николај Гогољ, Украина (2013)

Александар Велики, Грција (2013)

Национална награда МИТИНГУ, Ѓаковица (2011)

Награда „Михаи ЕМинеску“ Романија (2016)

„Поет на годината 2016“, Меѓународна литературна Фондација

Светска икона за мир, Светски институ за мир, Нигерија (2017)

World poetry, БиХ (2013)

Преведувач на годината, Кина (2013)

Ludwig Nobel, Русија (2014)

Награда „Светска литература“, Казахстан (2017)

Амбасадор на мирот, Светски институт за мир (2017)

„Метју Арнолд“ награда, Индија (2018)

Naji Naman, Либан (2014)

Дин Мехмети, Ѓаковица (2012)

Мајка Тереза, Ѓаковица (2011)

Награда Special Ganadores del concurso, Боливија, (2019)

Книги преведени од Јетон Келменди:

Plagët e bukurisë by Athanase Vantchev de Thracy (France), преведено од француски јазик заедно со Gjovalin Kola

Hijet e dritës by Skënder Sherifi (Belgium), преведено од француски

Gjuha e botës (International Poetry Antholgy) (10 poets from 10 countries) преведено од француски и англиски јазик

Sheshi i shikimeve (International Poetry Anthology) (13 poets from 13 countries) преведено од англиски јазик

E di kush je by Erling Kittelsen (Norwey), преведено од англиски

Emrimi i gjërave by Zhang Zhi Diablo (Chine), преведено од англиски

Vetmia e erës by Bill Wolak (USA), преведено од англиски

Trokas në mendjen tënde by Alicja Kuberska, Poland, преведено од англиски

Tingujt e Mendimeve by Lee Kuei-shien, Taiwan. преведено од англиски

Kam mësuar ca gjëra by Ataol Behramoglu, Istambul. преведено од англиски

Pakti im – Testament by Ernesto Kahan, Telaviv, преведено од англиски

Rreth dy botëve by Maria Miraglia, Romë, преведено од англиски

Destinacioni by Fernando Rendon (Kandidat NOBEL), преведено од англиски

Amplituda e probabiliteteve nga Laura Garavaglia, преведено од англиски и француски

Rreth dy botëve, by Maria Miraglia, преведено од англиски

Regjister i shkruar nga domethënia by Tendai Rinos Mwanaka, преведено од англиски

Член на меѓународни организации:

Асоцијација на професионалните новинари на Европа (Брисел)

Академија на науки и уметности на Европа (Брисел)

Академија на науки и уметности на Украина (Киев)

ПЕН Центар на Белгија (Брисел)

Академија на науки и уметности на Австрија (Салцбург)

Светска академија за уметност и култура, САД (Калифорнија)

Академија за наука уметност и култура на Европа

Меѓународна академија „Михаи Еминеску“,

Член на сојузот на Евроазиските писатели, Турција

ИЗВАДОЦИ ОД КНИЖЕВНАТА КРИТИКА

„Јетон Келменди е извонреден пронаоѓачн на песни, затоа што не изненадува со необичната способност и со употребата на симболите, кои ја чинат имагинацијата побогата, а метафориката знатно пооригинална и посложена. Таа умешност, секако, им припаѓа исклучиво на творците со голем талент.

Академик Athanase Vantchev de Thracy

(Франција)

„Келменди во дваесет и првиот век не води со својот посебен глас, кој постепено станува се поголем и посилен. Неговите зборови звучат добро на мајчиниот, но и на другите јазици, на оние 22 јазици на кои е успешно преведен досега, што доволно сведочи за уметничките вредности со кои тој располага.

Christopher Lawrence

(Англија)

„Келменди е извонреден волшебник на зборовите и творец на единственото уметничко мислење.

Dr. Richard A. Brosio

(САД)

„Јетон Келменди во сгојата поетска збирка го претстави човечкото искуство со една визија на егзистенцијалниот свет одвоен во три главни идејно-мотивирани рамки: време, збор и мислење, а потоа татковина, љубов и сон.“

Dr. Sherif Algaydar

(Египет)

„Овој поет се затвора во својата внатрешност и на тој начин чува се од заборав, затоа што спрема неговите гледишта и доживувања, заборавот доаѓа однадвор, а не однатре.

Heba Essam

(Египет)

„Кога ја читате поезијата на Јетон Келменди ви треба посебно внимание за да може да се сфати имајќи го во обѕир тоа дека се работи за едден голем мајстор, односно, за еден од најпознатите европски поети на денешницата.

Rasem Al-Madhoon

(Сирија)

„Длабоко лирска и инспиративна, поезијата на Јетон Келменди се обидува да го сплоти несекојдневниот модернистички дискурс, искажан низ визијата на новото време и актуелниот животен контекст.

Др Дмитро Чустиак

(Украина)

„Поаѓајќи д необичната естетска чувствителност и постанувајќи една лирска душа обогатена со рафинирани емоции изкажани низ студии, медитирање и читање, поезијата на овој поет ни се чини како едно заокружено пеење, чија поетска музикалност и содржина се исполуваат низ постојаната формула на посебен уметнички рафинман.

Monica Muresan

(Романија)

„Овде станува збор за модерен лирски поет кој незабележително те вовлекува во својот уметнички свет и ти пружа задоволство додека го читаш.

Taner Gucluturk

„Поетичноста на Јетон Келменди е своевидна и сензибилна поезија завртена кон најинтимните човечки односи во иста мерка како и кон оние сублимираните и драматичните односи.

Dr Irena Gjoni

„Убавината на поезијата на Јетон Келменди се наоѓа внатре во необичните лексички споеви и пресврти. Стилските нијанси и значења не се сокриени само во комбинацијата од зборови и слики, туку се интегрирани во внатрешноста на самите симболи, како необични синтаксички и фигуративни изуми. Музата на Келменди не довикува не само во име на поезијата, туку над се во име на човечките вредности, па и во име на спојот на животот и смртта.

Алберт Никола

„Земајќи ја во обѕир лириката на Јетон Келменди, веднаш на прв поглед се гледаат неколку поетски фигури, кои се врзуваат со музиката и звучната функција на поезијата воопшто.

Фатмир Терзиу

„Поезијата на Келменди ја карактеризира специфичната перцепција на убавото, под чиј супстрат, всушност се наоѓа перцепцијата на нејзините многубројни маниофестации и категории.

Мр Ндуе Укај

Јетон Келменди е поет на постојан копнеж, љубов и надеж.

Љубовта и нештата што тој ги сакал најмногу, ги изгубил и копнеел по нив толку многу што тие истекуваат во неговите соништа.

… и тоа му дава нова надеж за нивна обнова по разбудувањето. Келменди е подвижна споменица. Секоја од неговите песни е прослава на животот во целосен ризик и сознание за неговата смрт. Сепак, преведувајќи ги неговтие песни на англиски јазик, јас ги оставам на широките пространства од вашиот ум додека ги читате. Му благодарам на Јетон Келменди за подземното преминување на моите духови каде што продолжува изгибената конверзација.

Крејг Чури, Сончино, Италија, 13.02.2018

Поезијата на Јетон Келменди ја чувствувам интуитивно, како дел кој започнува во првите редови на сегашната обнова на новата европска поезија на 21 век.

Проф. Др. Јури Талвет, Естонија

Напишано на различни места и градови со датуми кои раѓаат поетска навременост, што е симболично во несоодветноста на оваа песна, во допир со домашното опкружување, кое, иако е далеку во светот, не ги прекинува врските. Јас се осмелувам да кажам дека Јетон Келменди е одличен поет! Поезијата што ја читам, предвидувајќи го она што ќе го напишам, ми дава право да го кажам ова. Во оваа песна има нијанси и ткаења по кои би залакомил и Васко Попа.

​​​​​Мираш Мартиновиќ, Кастел Нуово, Црна Гора

Дали е мислата еден вид „помирувач“? На крајот, се обидов да го кажам мислењето и тоа ќе се однесува и на Ноа и на Ница. Преку зборови, тој ги открива … „Божјите мисли“.

 

Ен Енгелберт, драмски критичар – Белгија, Професор по структурална методологија, – институт Роже Гилбер

Патувањето е за далечината, а исто така и за времето кое што Келменди во „Скратување на оддалеченоста“ гооткрива наспроти далечината, во времетото откриено против дуалноста, затоа што дуалноста е далечината.

​​​​​Проф. Др. Густаво Вега Мансела, Шпанија

Она што е особено импресивно во поезијата на поетот Келменди, тоа е осаменоста на изразниот стил и запишувањето на чувствата. Самиот автор има целосна совест за она што го чувствува тој или таа, или целосна свест со намера да разликува, да го даде вистинскиот простор. Зборот, во мислата и изразот на поетот Јетон Келменди, станува вистински бод со полни бои, веднаш штом ќе го видите, но штом навистина ќе видите, тоа рефлектира дишење и чувство.

​​​​​​​Дино Кубатис, Грција

Ако кажеме дека поезијата е света птица, тогаш љубовта и хуманоста се две крилја на нејзините моќи и бесмртности, кои летаат кон иднината полна со прекрасни песни. Љубовта и хуманоста секако се и двете главни теми на песните на Јетон Келменди.

​​​​​​​Др. Жанг Жи Диабло, Кина

Не е изненадувачки што претставникот на кланот на Келменди стана писател. Така, поетската традиција на Арбре потекнува од раниот среден век. Јетон Келменди, продолжувајќи ја оваа традиција, успева најуредно прекунеговите зборови да го опише албанскиот моќен дух низ генерациите.

​​​​​                  Иван Ријебци, Украина

Зборот на Јетон Келменди станува химна, песна, стариот албански термин за обележување на тенденцијата за песни кои по својата природа се повеќе мелодични и поетични кај балканските народи.

​​​​​​​Олимпија Гаргано, Италија

Не е изненадувачки што претставникот на кланот на Келменди стана писател. Така, поетската традиција на Арбре потекнува од раниот среден век. Јетон Келменди, продолжувајќи ја оваа традиција, постигнува уредно според неговите зборови да го опише албанскиот моќен дух низ генерациите .

​​​​​​Александар Дмитрјев, Русија

Јетон Келменди припаѓа на новата генерација уметници чија судбина се однесува на неодамнешните несреќни етнички војни на Балканот. Одејќи да студира во Западна Европа, тој носи со себе парче од својата татковина.  

​​​​​​Ана Багрјана, Украина

Поезијата на Јетон Келменди е полна со солзи со симболчина светлина.

​​​​​​Сергеј Џјуба, Украина

Келменди избира лирски и интимен простор како фокус на неговата креативност. Линиите на песните се обид да се документира отчукувањата на срцето, чекањето, соништата, среде небесниот единственост која се чита денес во Израелво ноќта и новиот ден.

​​​​​​Едит Ломоваски – Гоел, Израел

Поет кој ја разделил од говорницата на надеж вознемирувачката фасцинација која се чувствува како измамена со сите сенки што доаѓаат по тебе, и паѓаат како почетна тишина затворајќи го минатото зад себе.

​​​​​​Михаи Антонеску, Романија

Говорејќи за привлекувањето на јаснотијата на личноста, Јетон, мислителот преку оформувањето не предлага „одлични“ предмети, туку наместо тоа тој се потпира на искуството на детали, сентименталност, инстантност, нештаили едноставни чувства, непишаната историја на неговите секојдневни, внатрешни или надворешни настани.

​​​​​Мариус Челару, Ромаија

Светлината на говорот, рамнотежата и јасноста на мислата подразбираат медитативен став на теоретската филозофија на Ниче (Ниче), како и на други автори, Германци, Романци и Албанци, меѓу кои е и мисловниот дух на Јетон Келменди.

​​​​​​Лучијан Груиа, Романија

Верен на зборот, Јетон Келменди е несомнено господар на стихови, кој со својот збор создава специфични настани и фигури, станувајќи еден од најдобрите поети во своето време.

​​​​​​Мустафа Бадави поет, Мароко

Преку својата јасна и кревка поезија, авторот му дава значење на животот за да го порази злото како воин / мислител, кој преку својата универзалност дава свој придонес за ослободување на својот народ.

​​​​​​Др. Џелку Максути, Романија

Јетон Келменди е добар „конструктор на поврзување“, импресиониран од можноста да пронајде симболика, имагинација и метафора, оригиналност и кревкост која ретко се сретнува, и само надарените автори можат таму каде што се наоѓа полето на говорот, телото на тишина, раните на зборот и изветвени коски на лирата.

​​​​​​Флорентин Попеску, Романија

Јетон Келменди е пред сè и достоен претставник на поетскиот збор на Косово. Неговата поезија потекнува од таму, од таа земја, небото, од таа прашина таму, од тоа време.

​​​​​​Скендер Шерифи, Белгија

Да се биде веќе мажествен како поет и да навлезе и во други јазици со оваа книга, тоа го засилува неговото поетско здание.

​​​​​​Али Р. Бериша, Косово

„Како да отидете кон себе“, најдобро ја изразува филозофската и поетската гледна точка на авторот која фрла светлина врз концептот и централизирањето на универзалниот човечки свет, изразува рамнотежа на свеста што нè придружува и раздвојува, поставува нови димензии на референци и длабоко психоаналитичко распаѓање, така тоа го прави поетот Келменди витез на зборот, медитацијатаи слободната прогресивна поетска мисла.

​​​​​Агрон Шеле, Албанија

Делата на Јетон се Калифорнијски говор. Мона Лиза ги гледа луѓето во лицата без да проговори. Во неговите стихови, Дарданија го чувствува ритам на срцето и удира врз срцата на оние што сакаат и чувствуваат.

​​​​​Баки Имери, Романија

Го познавам долго време преку неговите песни, преведени на многу јазици, наградени со национални и меѓународни награди, прочитани од читатели на различни културни системи и ценети од познати литературни критичари. Со секое читање на поезијата на Келменди, се доживува особено естетско задоволство.

​​​​​​Др. Салајдин Салиху, Тетово

Бидејќи поезијата е огледало на душата во своето време и околности, Јетон Келменди тој премин му го подарува на читателот со целиот спектар на својата уметничка, емотивна и медитативна индивидуалност.

​​​​​Агим Ѓакова

Стилистичката фигурација е многу значајна. Јазикот му има пијатен тон, без клише и нема стандардни клишеа, додржувајќи ја дури и неговата дифтонг-релација „УА“. Целиот тој тек воопшто не е комплициран и надоаѓа од устата на авторот.

​​​​​​Абдула Тачи, Призрен

Поезијата на Јетон Келменди се појавува како слика, која секогаш работи на објективирањето и раздвојувањето во нејзината внатрешност. Во себе содржи до одреден степен лаконско и симболично значење. Густината на оваа поетска песна се протега длабоко во интелигенцијата на читателот.

​​​​​​Халил Хаџосај, Ѓаково

За време на читањето на поезијата на Јетон Келменди, треба да се внимава да се разбере, затоа што  се сретнуваме со господар на стихот, еден од најпознатите поети за Албанските букви од нашево време и пошироко.

​​​​​​Екрем Ајрули, Тетово

Спонтаниот изговор на чувствата, мислите и ситуациите е карактеристика на поезијата на Келменди. Сепак, ништо во неговата поезија не е оставено на случајноста: ова е „добро организирана“ спонтаност до најмалите детали, до најчестите изрази. Ова ја прави оваа поезија да биде колку што е поблиска, толку и оддалечена од разбирањето, како „недоразбирана“ така и класична, но и модерна.

​​​​​​Др. Сали Битичи, критичар, Приштина

„Сликата на игнорирање“, рамката на апстрактната мисла изразена во стиховите на временската слика вметната во метафори, е концепт каде чувството за време е испреплетено меѓу иднината и минатото. Јетон Келменди открива поетски чуда во полунастани и легенди со албански мотиви, а зошто не и европски. Зборовите на душата напредуваат во атмосфера во која радоста владее со тагата, каде минатото мами со повеќе ентузијазам од желбата за иднината.

​​​​​​Др. Питер Тасе, САД

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

New Articles